„Шише стаклено извезено со слама и коноп со слики од Кумановски крај во рачно изработена кутија“ е избраниот сувенир за оваа година на општина Куманово, информираа од општина Куманово.
Сувенирот го изработи Здружение на уметници ракотворци „АРТИ КРАФТ“. Комисијата за избор се одлучила за овој сувенир откако на претходно објавениот конкурс учествувале шест уметници.
Заинтересираните требаше да понудат сувенир кој ќе ги отсликува одликите на градот и околината.
Сувенирот треба да придонесат кон креирањето на производ кој ќе го отсликува карактерот на градот, во насока на зголемена промоција и мора да ги содржи елементите на препознатливост и да ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот Куманово, да биде приспособен за масовно производство и наменет за туристичка промоција на градот.
Согласно конкурсот сувенирот требаше да биде изработен од материјал, големина и боја според замислата на авторот, а за изработка можеше да се користат стабилни и еколошки прифатливи материјали како што се: керамика, камен, метал, дрво, стакло, глина, гипс, текстил и други.
Според договорот со општината, наградата изнесува 30.000 денари без ДДВ. Добитникот на наградата во меѓусебен потпишан договор со општина Куманово, зависно од проценетата вредност на трудот, должен е да достави одредена количина на сувенирот на општина Куманово