Оваа година Германците ги совладаа Јапонците во конкуренција за „Светски автомобил на годината“. Електричен теренец од германско производство триумфираше пред Тојота Јарис и уште еден електричен автомобил, Хонда Е.
Изборот за „Светски автомобил на годината 2021“ заврши во вторник, 20 април, со објавување на победниците во главната, како и во неколку споредни категории.
Меѓународно жири составено од автомобилски новинари од целиот свет одлучи дека „Volkswagen ID.4“ е автомобил на годината. Станува збор за електричен џип кој минатата есен беше претставен како втор електричен модел од серијата „Фолксваген“.
Со димензии (l / w / h) 4584/1852/1612 mm, овој автомобил е подолг и поширок од VW Tiguan, но исто така и малку понизок од тој SUV.
VW ID.4 победи во конкуренција на два јапонски модели – „Тојота Јарис“ (автомобил на годината во Европа) и „Хонда Е“.
Инаку, во претходната 2020 година, SUV „Kia Telluride“ беше избран за најдобар автомобил во светот.
Кога станува збор за други категории, ситуацијата е следна. Насловот „Светски урбан автомобил“ му припадна на споменатиот електричен „Хонда Е“, додека во категоријата „Светски луксузен автомобил“ триумфираше „Мерцедес“ S класа.
Во категоријата спортски модели („Светски перформанси автомобил“), првиот е „Порше 911 турбо“, а најдобро дизајнираниот модел („Светски автомобилски дизајн на годината“) е прогласен за „Land Rover Defender“.