Изборната кампања за предвремените избори за пратеници во Собранието на Македонија закажани за 11 декември оваа година ќе почне на 21 ноември, соопшти Државната изборна комисија.
Од денот на распишување на изборите се до нивното завршување, радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) не смеат да емитуваат, односно да објавуваат реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања, се истакнува во соопштението на ДИК.
За прекршителите на овие одредби, Државната изборна комисија ќе иницира поведување соодветни постапки согласно своите надлежности.