Избирачкиот список од вчера па се до 11 ноември ќе биде достапен за јавен увид, со што ќе се испочитува предвидениот рок од 15 дена, откако Државната изборна комисија оваа одлука ја изгласа на седница, неколку часа пред сите рокови да бидат пробиени.
На списокот ќе се најдат еден милион 783.734 граѓани со право на глас a 29.858 гласачи и понатаму се спорни. За нив е отворена посебна апликација со можност за пријавување. Овие спорни гласачи се резултат на вкрстената проверка. За разлика од претходниот избирачки список, бројката е намалена за 589.
Како што објаснија членовите на ДИК, тоа се должи на смрт и други основи. Претседателот на комисијата соопшти дека од вечерва, па се до 11-ти ноември, граѓаните ќе можат да се проверат дали се наоѓаат на избирачкиот список и дали нивните податоци се исправни.
Loading...