Научниците развиваат уред кој на луѓето ќе им овозможи да ги контролираат соништата и да влезат во фазата од сонот кога се случуваат халуцинации.
Дали би сакале секоја вечер да бирате што ќе сонувате? Доволно ви е од се, не можете на одмор и со задоволство би отишле во бар во сонот или прошетале низ улиците на Рим, Париз или Лондон? Тоа можеби и не е далечна иднина.
Научниците од Масачусетс универзитетот за технологија развиваат уред кој на луѓето ќе им овозможи да ги контролираат своите сншта и да влезат во фаза од сонот кога се случуваат халуцинации. Се работи за хипнагогија, состојба на свест и помеѓу соно и јаве кои се јавуваат во моментот на будење или пад во сонот и вклучува искривена перцепција на просторот и времето.
Оваа состојба може да предизвика соништа во о лицето е свесно дека сонува, па така може да преземе контрола над сопствениот сон. Една од манифестациите на хипнагогија е вонтелесно искуство кај кое се јавува чувство на лбдење и напуштање на телото.
Томас Едисон и Салвадор Дали намерно ја предизвикувале оваа состојба за да во меѓупросторот на јавето и сонот добијат извор на инспирација и нови идеи.
Научниците сегава уред кој врз основа на отчукувањата на срцето и помесетувањето на мускулите покажува како лицето излегува од фаза на хипнагогија и влегу во длабок сон. Кога тоа ќе се случи, роботот покрај креветот е подесен да испушти звук за да лицето го врат во состојба на хипнхагогија. Тој звук може да биде било што, па и збор, а научниците откриваат дека ако роботот каже „зајак“ или „море“ лицето ќе ги сонува тие симболи.