„Maryam-Webster“, онлајн речник на англиски јазик, го објави она што, според нив, е збор на годината. За некои тоа е симбол на надеж и здравје. За други политизирано прашање. Но, секој може да се согласи, тој збор е насекаде и е контроверзен, наведува CNN.
Вакцината е збор на годината според „Мериам-Вебстер“. Таа беше избрана, меѓу другото, врз основа на се поголемата потрага, од година во година.
– Ова е збор кој има две паралелни приказни, кои се испреплетуваат: едната е медицинска, а другата е политичка или културна – вели Петер Соколовски, уредник на речникот.
Овој избор доаѓа по минатогодишниот збор „пандемија“, кој го преобликува секојдневниот јазик. Оксфордскиот англиски речник избра сличен збор, „Vax“ (колоквијализам, што може да значи и вакцина и вакцинација).
Зборот „вакцина“ се барал повеќе од 600 проценти почесто отколку минатата година.
– Во 2021 година, вакцината освен медицинското, доби и други значења. За многумина, тој збор симболизира враќање во животот што го водевме пред пандемијата. Но, тој збор е и во центарот на дискусиите за личен избор, политичка ориентација, нееднаквост во здравството, безбедност во училиштата – велат тие.
Зборот „вакцина“ и неговите деривати потекнуваат од латинскиот збор „vaccinus“ што значи „од или со крава“. Латинскиот термин за крава е „vacca“, зборот подоцна влезе во француски како „vaccin“, а потоа и на англиски.
Од зборовите кои беа само малку помалку „популарни“ се издвојува „вооружениот бунт“, кој бил прогуглан дури 61.000 отсто повеќе по 6 јануари и опсадата на Капитол. Следува „Персевиранс“, што е името на роверот што НАСА го испрати на Марс. Името го избрало седумгодишно дете од Вирџинија кое учествувало на натпревар организиран од НАСА.