Избегнувајте ја во секоја прилика: Оваа работа во хотелската соба е полна со бактерии

Сподели со своите пријатели

Во студијата спроведена за ABC, микробиологот Чарлс Герба тестирал 9 хотелски соби низ Лос Анџелес, со опсег од 3 до 5 ѕвезди. Имено, тој сакал да открие кои работи во собите се меѓу највалканите.

Се испостави, на изненадување на него и на многу други, дека фенот има повеќе бактерии дури и од тоалетната школка, пренесува The List.

Причината за тоа, вели, е логична – секогаш прво ја чистат кадата, мијалникот и тоалетот, па ја менуваат постелнината. Накратко, се чисти се што најмногу се користи и што веднаш се гледа при влегувањето во просторијата.

 

 

Покрај фенот, нечист е и клима уредот, тврди поранешниот хотелски менаџер Крис Џонстон. „Ако персоналот на хотелот не ги чисти филтрите, самото вклучување на климата може да предизвика ширење на бактерии и нечистотија.

Затоа, следниот пат кога ќе одите на патување, понесете го вашиот фен ако не можете без него.