Избеганиот циркуски тигар е убиен во Париз откако лутал на улиците и ги плашел минувачите. Тигарот е убиен по бегство од кафезот на циркусот во париз. Лутал по улиците пред да влезе на железничката станица во 15. округ на градот.
Преплашените минувачи и патници слушнале известување: „Тигар е на слобода, ве молиме напуштете ја станицата“.
За тигарот е кажано дека го попречува сообраќајот и ги загрозува патниците на железницата пред вооружената полиција да пристигне и да го убие животното.
– Влезе во железничката станица, што доведе до нејзино затворање. Постоеше страв дека тигарот може да ги повреди патниците на железницата околу мостот Гариглиано. Таму бил на аголот и е убиен, вели сведок кој живее во тоа подрачје.
Алармот е вклучен во 5:50 часот. Потоа го воделе вооружените полицајци кои тргнале на терен заедно со сопствениците на тигрот.
Во 18:10 часот истите лица рекле: „Инцидентот на линијата Т3а е завршен, а сообраќајот продолжува.
Портпаролот на префектурата во Париз вели дека животното е неутрализирано, а опасност аминала.
Засега се уште не е познато како избегал тигарот.