Избеганиот авганистански претседател се обрати од Обединетите Арапски Емирати

Сподели со своите пријатели

Поранешниот претседател на Авганистан Ашраф Гани, кој побегна во Обединетите Арапски Емирати по инвазијата на Талибанците во Кабул, им рече на своите сонародници дека ќе се врати во земјата и дека не зема пари со него.

Претходно, медиумите пишуваа дека Ашраф Гани со себе зел 169 милиони долари од земјата.

 

29 забрани за жените што важеле во времето на Талибанците: „Нѐ третираа полошо од животни“

 

– Не ја изневерив татковината и ги замолувам сите да не обрнуваат внимание на гласините, сакавме мир за Кабул, за да не биде уништен. Многу се надевам дека војната во Авганистан ќе заврши. Нашата армија не е одговорна за оваа пропаст, политичарите се виновни за тоа. Детали за она што се случи на денот на падот на Кабул, ќе кажам подоцна… Морав да го напуштам Авганистан, бидејќи не сакав да бидам причината за крвопролевањето во Кабул – рече Гани за време на видео обраќањето на Фејсбук.

Политичарот нагласи дека Талибанците ветија дека нема да влезат во Кабул, тие само ја опколија претседателската палата.

– Бев во палатата, кога обезбедувањето ме извести дека кога Талибанците влегле во главниот град, се случи нешто што личи на државен удар. Тврдењата дека го напуштив Кабул со парите не се точни. Наскоро ќе се вратам во Авганистан.