Израел речиси се откажа од сите правила кои бараат од луѓето да покажат статус на вакцинација, и покрај рекордниот број на пациенти со тешка ковид-19.
Почнувајќи од денес, луѓето ќе треба само да покажат ковид со потврда дека се вакцинирани или дека прележале доколку присуствуваат на големи настани како што се свадби.
Тоа значи дека секој може да оди во ресторани, кина, хотели и дека не мора да покажува потврда дека е негативно тестиран за коронавирус.
Промената на правилата, исто така, значи дека кога луѓето ќе го напуштат Израел, невакцинираните луѓе повеќе не мора да покажуваат дека биле негативни на тестот за вирусот.
Правилата се олабавени и покрај фактот што повеќе од 1.200 лица со Ковид-19 се во болници, што е најголем број од почетокот на пандемијата во земјата со 9,4 милиони жители.
Според Министерството за здравство 1.250 пациенти се тешко болни.
Бранот на омикрон сојот го достигна врвот пред околу две недели. Во понеделникот беа регистрирани 52.600 нови случаи, значително помалку од претходните скокови на 85.000 во еден ден.