Иванов: Нема да го доделам мандатот на платформа која ќе го руши суверенитетот на Македонија

Сподели со своите пријатели

Претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање до нацијата рече дека нема да го додели мандатот на личност или партија која се залага или во својата програма има платформа која ја загрозува суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија.

Иванов побара од меѓународната заедница да ја осуди оваа платформа потпишана на туѓа територија и во кабинет на политичар во друга земја, нешто што во минатото во земјите од регионот меѓународниот фактор го осудувал.

Тој ја информираше јавноста дека имал и средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев на која му рекол дека иако обезбедил доволно пратенички потписи, требало да бидат испочитувани и роковите.

Граѓаните имаат право да ја знаат вистината од разговорите, побарав јасно и јавно да ја отфрли и осуди оваа платтфрома бидејќи македонските грѓани не гласаа за платформата, разговарање за платформа на друга држава е спротивно со Уставот на Република Македонија и нејзино прифаќање е казниво дело бидејќи значи доведување на рм во положба на потчинетост н дуга држава. Во Република Македонија суверентитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните, ниту еден од нив на претставниците не дал право за постизборна палтформа да се загрозува суверенитетот на Република Македонија, граѓаните гласаа за партиски пргорами, а не платформа на туѓа држвата, ова се сериозни моменти за државата, секој од нас треба одговорно да се однесува, затоа то секоја одлука може да има катастрофлани последици за иднината на државата – рече Иванов.

Обраќањето го заврши со зборовите дека нема да го даде мандатот поради платформата, а тоа значи дека мандатот нема да му го додели на СДСМ и покрај тоа што според членот 90 од Уставот, оној кој ќе обезбеди мнозинство во парламентот треба да го добие мандатот и да формира Влада.