Иванка Трамп сослушана под заклетва поради злоупотреба на средства

Сподели со своите пријатели

Иванка Трамп, ќерка и советник на американскиот претседател Доналд Трамп, беше испрашувана под заклетва во граѓанска постапка поврзана со злоупотреба на непрофитни средства за инаугурацијата на нејзиниот татко пред четири години.

Loading...

Обвинителството на округот Колумбија, Карл Расин, вчера во дуски допис откри дека сослушувањето се одржало тој ден.

Во судска постапка од јануари 2020 година, Расин тврди дека компаниите за недвижнини и други субјекти на Доналд Трамп злоупотребиле непрофитни фондови за да го збогатат семејството Трамп.

Според тужбата, непрофитна корпорација ослободена од даноци, наречена „58. претседателски основачки комитет“, координирала со семејството Трамп значително да преплати за простор за настани во хотелот „Трамп Интернешнл“ во Вашингтон.

Во еден случај, непрофитна организација наводно платила повеќе од 300.000 долари за да одржи приватен прием во хотелот Трамп за трите најстари деца на претседателот – Доналд Jуниор, Иванка и Ерик – на вечерта на инаугурацијата на 20 јануари 2017 година.

„Окружниот закон налага непрофитни организации да ги користат своите средства за свои јавни цели, а не за корист на приватни лица или компании“, рече Расин на почетокот на оваа година.

Со тужбата, Расин сака да ги врати милионите долари кои наводно биле упатени директно на семејната компанија Трамп.

Портпарол на Белата куќа не одговори веднаш на барањето за коментар. Основачкиот одбор тврди дека нивните финансии биле независни и дека сите пари биле потрошени легално.

Loading...

Сања Костовска

Leave a Reply