Актуелниот вице-шампион екипата на Куманово конечно успеа да го пронајде новиот центар за наредната сезона.
Иако сеуште нема ништо официјално нашите извори блиски до клубот говорат дека се е договорено со искусниот српски центар Иван Жигерановиќ (32) кој утре треба да се појави во Куманово, пишува порталот Лејкерс.мк.
Станува збор за искусен играч кој покрај настапите во домашниото првенство во Србија има играно и во шампионатите на Романија и Полска.
Во силниот полски шампионат помина 4 сезони и тоа во дресот на тамошниот кошаркарски гигант Туров со кој успеа да ја освои титулата на оваа земја, а подоцна да игра и во Евролигата во сезоната 2014/15.
Последната сезона ја одигра во дресот на романски Клуж каде имаше добри бројки од 9.1 поени и 3.3 скока на 39 натпревари во просек.