Иван Илиевски е нов претседател на Унијата на млади сили на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.
Вчера Илиевски е назначен на функцијата претседател со одлука на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
– Сакам да ја искористам оваа прилика и да му се заблагодарам на претседателот Сергеј Попов за дадената доверба и да се заблагодарам за поддршката на Извршниот Комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, напиша Илиевски на социјалните мрежи.

Илиевски е роден во 2001 година. основно образование завршил во ООУ „Кочо Рацин“ во Куманово, а срдено во ОСТУ „Наце Буѓони“. Моментално е студент на втора година на Факултетот за безбедносно инжинерство на Меѓународниот Славјански Универзитет.
Во Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ членува од 2019 година.
Тој позицијата претседател на локалниот огранок ја презема од Филип Стефановски.
Никола Ивановски

