Итен состанок на Г7 до крајот на неделата во Минхен

Сподели со своите пријатели

Министрите за надворешни работи на групата седум најразвиени индустриски земји Г-7 планираат оваа недела да одржат итен состанок во Германија на кој ќе разговараат за кризата околу Украина и стравувањата од можна руска инвазија, потврдија денеска добро информирани дипломатски извори.

Loading...

Договорено е разговорите на Г-7 да се одржат на маргините на Минхенската безбедносна конференција, тридневен меѓународен форум посветен на безбедносната политика, кој треба да започне во петок, тврди истиот извор.