Италијанските пристанишни работници се закануваат со блокада на Израел ако ја нападне флотилата за Газа

Сподели со своите пријатели

Пристанишните работници во Италија му се заканија на Израел дека ќе го блокира истоварот и испораката на сите нивни пратки ако се закани на меѓународната флотила што носи помош за Газа.

На пристанишните работници во Џенова им се придружија колеги од цела Европа на разговорите за блокирање на пратките за Израел, но тие не сакаа да коментираат за исходот од тој состанок, објавува Политико.

Запирањето на сите пратки до и од Израел е единствениот начин да се принуди таа земја да го промени правецот, изјави за Политико лидерот на синдикатот на пристанишните работници, Риакдо Рудино.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп се сврте против Путин. Дали Нетанјаху е следен?

„Ако ја нападнат флотилата, ќе има генерален штрајк, а ако Израел не го промени курсот во Газа, ќе има целосна трговска блокада, нема друг начин“, рече Рудино.

Рудино привлече внимание како лидер на протестите пред еден месец, кога го предупреди Израел да не се меша во флотилата, или пристанишните работници ќе ја блокираат „цела Европа“ и „ниту една шајка“ нема да може да се испорача во Израел.

Тој потсети дека пристанишните работници имаат долга историја на попречување на испораките на оружје.

„Се чинеше невозможно со Јужна Африка, но по целосна блокада го ослободија Мандела и одржаа избори“, рече тој.

Пристанишните работници добија поддршка од најголемиот синдикат во Италија, CGIL, кој објави дека ќе свика генерален штрајк ако Израел ја нападне флотилата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За неколку месеци, Иран егзекутираше голем број лица обвинети за шпионажа за Израел