Италија би се соочила со сериозни проблеми со полнење на складиштето за гас доколку сега се прекине испораката на руски гас, изјави денеска италијанскиот министер за транзиција на животната средина Роберто Чинголани.
Loading...
Двете земји нема да го поддржат ембаргото за увоз на руска нафта
„Би било важно да се задржат руските текови до крајот на 2022 година, за да можеме да се соочиме со зимата и да овозможиме постепено повлекување од руските залихи во безбедна состојба“, рече Чинголани во обраќањето пред Претставничкиот дом, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека националното ограничување на цената на гасот за Италија ќе биде исклучително тешко и дека тоа треба да се направи на ниво на Унијата.
Loading...