Италија заплени луксузна јахта поврзана со Владимир Путин

Сподели со своите пријатели

Италијанската влада нареди денеска да се заплени луксузна јахта вредна околу 700 милиони долари, која во медиумите се поврзува со рускиот претседател Владимир Путин.

Loading...

Елегантната „Шехерезада“ со шест палуби е на поправка во италијанското пристаниште Марина ди Карара од септември, но неодамнешните активности на пристаништето сугерираат дека екипажот можеби се подготвува да исплови, објави Ројтерс.

 

Северна Кореја истрела балистичка ракета

 

Италијанското Министерство за финансии во соопштение наведува дека истрагите покажуваат дека сопственикот на јахтата имал врски со истакнати претставници на руската влада и со луѓе кои биле цел на санкциите на Европската унија.

Шехерезада има две платформи за слетување на хеликоптери и може да прими до 18 гости и 40 членови на екипажот.

 

Loading...

Северна Кореја истрела балистичка ракета

 

Неговиот сопственик никогаш не бил јавно идентификуван, но се шпекулира дека му припаѓа на Путин или на член на неговиот близок круг.

Извор кој има информации за истрагата во врска со јахтата изјавил дека италијанската полиција верува дека сопственик е Едуард Худаинатов, поранешен шеф на рускиот енергетски гигант Роснефт, кој моментално не е цел на санкциите на ЕУ.

 

Северна Кореја истрела балистичка ракета

 

Министерството за финансии не го наведе името на сопственикот, но соопшти дека побарало од Европската унија тоа лице да се додаде на списокот со санкции и нареди јахтата да биде запленета до конечната одлука.

Loading...