Италија стана главен трговски партнер на Русија во ЕУ

Сподели со своите пријатели

Во септември Италија стана најголемиот трговски партнер на Русија меѓу земјите од ЕУ, престигнувајќи ја Германија за прв пат од март, покажуваат податоците објавени од Евростат.

Loading...

Вредноста на трговската размена меѓу Италија и Русија во септември е зголемена за 25 отсто на 768 милиони евра, додека италијанскиот извоз во Русија е зголемен за една третина на 427,1 милиони евра, а рускиот извоз во Италија за 17 отсто на 340,9 милиони евра.

Во септември Германија беше вториот најголем трговски партнер на Русија во Европската унија, а трговскиот промет меѓу двете земји се зголеми за 3,4 отсто на 720 милиони евра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од овој месец здравствените работници добиваат 10% повисока плата

Во истиот период трговската размена на Русија со Франција е зголемена за 29 отсто на 469 милиони евра, со Унгарија за 22 отсто на 451 милион евра, а со Холандија за 12 отсто на 437 милиони евра, анализира агенцијата РИА Новости.

Руската трговска размена со Белгија е зголемена за 1,6 пати на 419 милиони евра. Најголеми увозници на руска стока во септември беа Унгарија и Словачка.

Унгарија увезла руска стока за 386,3 милиони евра, а Словачка за 353,4 милиони евра, додава руската агенција.