Новата италијанска влада до крајот на годината ќе воведе забрана за купување во недела во големите трговски центри, затоа што сака да ја зачува традицијата на семејното собирање на последниот неработен ден во неделата, рекол потпретседателот на италјинската влада Луиџи ди Мајо.
Во обид да се потикне економскиот раст, тогашниот италијански премиер Марио Монти ја либерализирал трговијата во недела во 2012. година, покрај притисокот на Римокатоличката црква и синдикатот, кои тврделе дека земјата мора да ја сочува традицијата за одмарање во недела, потсетува Ројтерс.
– Оваа либерализација, вушност, ги уништува италијанските семејства. Мораме да започнеме повторно да го ограничуваме времето на отворање и затворање на трогвските центри, рекол Ди Мајко, инаку лидер на Движетето „Пет ѕвездички“.
Ако се маскирате на Карибите или плукнете во Барселона ве очекува казна – Бизарни светски закони