Италија: Скршен глечер усмрти пет планинари (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку пет лица загинаа во неделата кога големо парче алпски глечер се откина и удри во група планинари на популарна патека во Италија.

Loading...

Моментот кога ледената маса се урива по падините на Мармолада е снимен од камери.

На социјалните мрежи беа објавени видеа на кои се гледа ледена лавина, односно глечер како се урива по падините на највисоката планина (Мармолада) во северните италијански Алпи.

 

 

Како резултат на тоа, најмалку пет лица загинаа. Службите за итна помош соопштија дека во падот се повредени уште осум лица, а две лица се здобиле со тешки телесни повреди.

Се вели дека смртните случаи настанале затоа што глечерот се откинал токму на делот од патот што вообичаено се користи за да се стигне до врвот Мармолада, кој се издига на 3.300 метри и е највисокиот врв на источните Доломити.

Loading...

Спасувачите со хеликоптери и десетици итни работници помогнаа во спасувањето на местото на настанот.

Сè уште не е познато што предизвикало отцепување на дел од мразот, но интензивниот топлотен бран што ја зафати Италија од крајот на јуни може да биде фактор, изјави Валтер Милан, портпарол на Алпската спасувачка служба, за државната телевизија РАИ.