Италија: Откриена најголемата нелегална фабрика за цигари, запленети 300 тони

Сподели со своите пријатели

Во Италија е откриена најголемата нелегална фабрика за цигари досега регистрирана во земјата, сместена во бункер под магацински простор, објавија официјални лица.

Фабриката е откриена од страна на единиците на финансиската полиција од Анкона и Фрозиноне, во истрага координирана од обвинителството во Касина, објави Анса.

Рацијата доведе до рекордна заплена на околу 300 тони цигари, неколку апсења и поднесување обвиненија за сериозен шверц.

Истрагата откри даночно затајување во износ од приближно 600 милиони евра и нелегален приход проценет на околу 130 милиони евра.

Дополнително, конфискуван е имот во вредност од 53 милиони евра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Илон Маск и принцот Ендру се споменуваат во новите документи за Епштајн

Операцијата беше претставена како една од најголемите во борбата против шверцот со тутун во Италија.