Пожар денеска избувна во хемиската компанија „Кеми“ во Новара на северот на Италија.
Градоначалникот ги предупреди граѓаните да не ги отвораат прозорците и да не ги напуштаат своите куќи освен ако е апсолутно неопходно.
Фабриката која се занимава со преработка на хемиски растворувачи се наоѓа во индустриската зона Сан Пјетро Моцецо, а голем црн облак се движи во правец на Ломбардија, пренесува Анса.
🇮🇹 Italy fire at a chemical plant⚡️⚡️⚡️ pic.twitter.com/4g0y1gmrxP
— Тоби айоделе -Tboy🇷🇺 🇳🇬 (@TobiAyodele) March 29, 2023
Според очевидци, се слушнале и експлозии, а целата индустриска зона била евакуирана. Засега нема информации дали има загинати или повредени лица.
„Пожарот што утринава избувна во претпријатието во Сан Пјетро Мозец сѐ уште трае, тој е под контрола на пожарникарите, но колоната чад може да создаде ризик од еколошка и здравствена катастрофа. На граѓаните им се препорачува да ги чуваат прозорците затворени и доколку не е потребно да се останат дома. Исто така, се препорачува децата да останат во училницата со затворени прозорци“, рече градоначалникот.
BREAKING: Massive fire in the chemical company of San Pietro Mosezzo, Italy.@GeneralMCNews pic.twitter.com/aj2aFedvPh
— Adams684 (@Adams6841) March 29, 2023
На терен се и екипи на Регионалната агенција за заштита на животната средина АРПА, карабинери и шест противпожарни екипи, како и екипи на брзата помош.
Според „Стампа“, пламените јазици се високи околу педесетина метри, а облакот е видлив на неколку километри.
Причината за пожарот засега не е позната.