Италија: Денеска и утре консултации за формирање влада

Сподели со своите пријатели

Консултациите за формирање на новата италијанска влада ќе се одржат на 20 и 21 октомври, соопшти кабинетот на италијанскиот претседател Серџо Матарела.

Loading...

Џорџа Мелони го предводеше десничарскиот блок, кој ја вклучува нејзината партија Браќа на Италија, Форца Италија на Силвио Берлускони и Лигата на Матео Салвини, кои победија на парламентарните избори минатиот месец, објави Ројтерс.

Пред да побара од Џорџа Мелони да формира нова влада, Матарела мора да се консултира со лидерите на политичките партии во претседателската палата, како дел од уставниот процес што треба да доведе до нејзино преземање на функцијата до средината на следната недела, наведува агенцијата.