ИТ КОМПАНИИТЕ ПРОТИВ ТЕРОРИЗАМ: Фејсбук, Твитер и Гугл се здружија со светските влади

Сподели со своите пријатели

Светските власти соработуваат со технолошки компании за формирање организација за борба против терористички и екстремистички содржини преку интернет.

Loading...

Станувазбор за компании како што се компании како Фејсбук, ЈуТјуб и Гугл.

Ова го најави премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн.

Новиот глобален форум за борба против тероризмот на интернет треба да ги попречи терористичко и насилно екстремистичко користење на социјалните мрежи, се вели во изјавата на Ардерн во ООН во ујорк.

Премиерката на Нов Зеланд ги повика интернет-компаниите да преземат акција по мартовскиот терористички напад врз џамиите во Нов Зеланд, во кој загинаа 49 лица, додека масакрот беше пренесуван во живо на Фејсбук профилот на убиецот.

Таа рече дека новиот протокол за одговор на кризи ќе им помогне на владите и технолошките компании, по терористички и екстремистички напади, да ги координираат и управуваат нападите преку интернет.

Иницијативата е поддржана од 48 земји и три меѓународни организации.

Leave a Reply