ISW: Белорусија го промени уставот, се откажа од неутралноста

Сподели со своите пријатели

Во својот последен извештај, Институтот за проучување на војната (ISW) наведува дека белорускиот Генералштаб потврдил дека земјата го променила текстот на уставот за да се откаже од својата неутралност и ненуклеарен статус.

Loading...

Заменик-началникот на белорускиот генералштаб, полковник Андреј Богодел, вчера изјави дека Белорусија, за да одговори на „надворешните предизвици и закани“, ги направила неопходните измени во својот устав, откажувајќи се од неутралноста и го укина делот за ненуклеарен статус.

Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека првото тактичко нуклеарно оружје што ќе биде стационирано таму пристигнало во Белорусија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каква корист има Северна Кореја од испраќањето војници во војна против Украина?

Американскиот претседател Џо Бајден изјави потоа дека руската закана за употреба на тактичко нуклеарно оружје е „реална“.