Според најновите истражувања, тинејџерите помалку консумираат марихуана на подрачја на кои таа е легализирана, пишува ВВС.
Научницит еод Универзитетот Монтана анализирале анкети на здравствените агенции кои ги исполнувале американските тинејџери од 1993 до 2017 година.
Дедо по грешка им подарил торта со марихуана на медицински сестри
Иако, вкупно гледајќи, последните години се зголемила консумацијата на марихуана помеѓу младата популација во САД, истражувачите забележале дека користењето канабис меѓу тинејџерите се намалило скоро на 10 отсто во оние држави во кои е легализирана марихуаната во рекреативни цели.
Во САД 33 сојузни држави го имаат легализирано медицинскиот канабис, додека 10 држави и за рекреативна употреба. Консумирањето на канабисот и натаму е незаконско во сите држави за лицата помлади од 18 години.
Му било досадно на роденденот па во тортата ставил марихуана, четири лица завршиле во болница
Економистот Марк Андерсон од Унвиерзитетот Монтана Стејт смета дека овие две студии, се објавени во медицинското списание Џама Педиатрик и би требало да ја сузбијат загриженоста дека со време меѓу тинејџерите се зголемува консумирањето на лесните дроги.
Додал дека во текот на студијата не е воочена разлика во количината на консумирањето по легализирањето на медицинскиот канабис, намалување е забележано само на оние подрачја на кои марихуаната е легализирана во рекреативни цели.
Три мајки за прв пат пробуваат марихуана (видео)
Од една страна, резултатите од оваа студија потврдуваат претходно истражување од декември минатата година во кое се наведува дека консумирањето на канабисот меѓу тинејџерите во Вашингтон се намалило откако државата ја легализирала оваа супстанца во 2012 година.
Меѓутоа, не се совпаѓа со истражувањето од Колорадо од 2018 година кога било утврдено дека бројот на учесници во средните училишта кои рекле дека користеле канабис останал ист со 2104 година кога државата ја легализирала марихуаната во рекреативни цели.
Image by Hayley Zacha from Pixabay