Истражување: Американците ја гледаат Кина како најголема закана за САД

Сподели со своите пријатели

Речиси 50 отсто од Американците веруваат дека Кина е земјата која претставува најголема закана за САД, покажа истражувањето на Истражувачкиот центар Пју.

Loading...

Во исто време, само 17 отсто од американските граѓани ја навеле Русија како најголема закана, додека четири отсто од нив сметаат дека ниту една земја не претставува сериозна закана за Соединетите Американски Држави.

Речиси два отсто од испитаниците рекле дека најголема закана е Северна Кореја, а исто толку испитаници рекле дека Соединетите Американски Држави сами по себе се најголемата закана.

Закани и сојузници

Последен пат Пју спроведе вакво истражување во 2019 година, кога исто толку Американци ги карактеризираа Кина и Русија како најголеми закани.

Во заклучоците од истражувањето во 2014 година, Русија беше на врвот на листата, додека во 2007 година беше Иран.

Кога станува збор за најважниот сојузник на Вашингтон, најголемиот број Американци, 22 отсто од нив, го именуваа Обединетото Кралство.

На второ место е Канада (шест проценти), а на трето е Израел (четири проценти).

Речиси еден процент од американските граѓани ја наведоа Русија како нивен најважен сојузник.

Loading...