БИКИ е првиот подводен дрон во светот кој воедно е и единствениот пдоводенр обот со карактеристики како што се автоматизирана рамнотежа, избегнување пречки и враќање во базата.
Со овој интелигентен робот во форма на риба можете да го набљудувате пдоводниот свет од сосема поинаква перспектива.
Целосно поинаков од останатите дронови во светот, а го креаирала „Robosea“, млада кинеска компанија која сака да се докаже и да стане светски познат ренд.
БИКИ е креиран за дапомогне во откривање на подводниот свет. Било да го истражуваат деца или научници, а со оглед дека ебежичен, со нив многу лесно може да се управува и од голема далечина.
Овој мал дрон во себе содржи квалитетна камера со висока резолуација која овозможува креирање фотографии и видеозаписи и во 4К резолуција, може да содржи 32 гигабајти информации во интерната меморија, а опремен е и со ГПС локатор кој покажува каде се наоѓа, исто така има опција за автоматско враќање во базата.
Со едно полнење има 120 минути автономија, а дронот може да се нурне и до длабочини од 60 метри, што е сосема доволно за квалитетно истражување на подводниот свет.
Секако, БИКИ не е наменет само за истражување туку и за забава па можеда секористикако одлична подводна камера на летување иливо базен, а посебно е корисен за надзор на децата за време на сезоната за капење.
БИКИ се уште не е достапен на пазарот, туку во тек е доста успешна кампања на „Кикстартер“.
Loading...