Британските научниците анализирале ДНК од градителот на Стоунхенџ за да го утврдат неговото потекло и заклучиле дека станува збор за народи кои се доселиле од Пиринејскиот полуостров.
Тим научници кои ги предводела Селина Брејс о Природниот музеј во Лондон ги изучувал ДНК трагите на народите кои го населувале подрачјето на Велика Британија во перидото на неолите или ладото камено време.
Иако во Британија уште порано постоела популација на ловци и собирачи, градителите на Стоунхенџ била земјоделци, а се споредува нивната ДНК со народите кои во тоа време живееле во континенталниот дел на Европа, покажуваат како предците на Стоунхенџ пред околу 6.000 години мигрирале на островот од Пиринејскиот полуостров, подрачје на денешна Шпанија.
На Пиринејскиот полуостров пристигнале 2.000 години претходно во големиот бран миграции кој започнал од Анадолија, од подарчјето на денешна Турција.
Во тој бран миграции од Анадолија една група земјоделци тргнала по реката Дунав по средишниот дел на Европа, а втората на запад преку Средоземно море. Последната група, според ДНК податоците, се населила на Пиринејскиот полуостров пред да пристигнат во Британија.
Неолитските мигранти во Британија, освен земјоделството, донеле и култура за изградба на мегалитски структури од големи камени парчиња, како Стоунхенџ.
Ловците и собирачите кои живееле на подарчјето на Велика Британија се мешале со дојденците, а набргу по доаѓањето на мигрангтите од Пиринејскиот полуостров им се губи секаква трага.
Научниците претпоставуваат дека не доаѓало нужно до конфликтите, туку веројатно станувало збор за чиста надмоќ, земјоделците биле зналитечно побројни, а дури ако доаѓало до мешање меѓу двата народи, генетскиот придонес на ловците и собирачите веројатно бил занемарлив.
Иако успешно завладеале со Британија, ни доселениците од Пиринеи не опстанале долго. Пред околу 4.500 години нивните потомци скоро целосно биле истиснати од овие подрчја со бран миграции, овој пад од Средна Европа.
Биртанија така во период од само неколку илјада години доживеала два големи генетски потомци, од примитивни ловци преку анадолиски градители на Стоунхенџ до Европејци чие генетско наследство опстанало и до денес.
Фото: Пиксабеј