Историскиот мост Гоктеик, некогаш највисок железнички мост во светот, беше уништен во борбите во државата Шан во Мјанмар, а владејачката воена хунта и бунтовниците се обвинуваат меѓусебно за неговото уништување, пишува Гардијан.
Инцидентот се случил вчера за време на судирите во близина на градовите Навнгкио и Кјаукме. Мостот, изграден во 1901 година во британската колонијална ера, бил клучен дел од железничката пруга Мандалај-Лашио и туристичка атракција.
Хунтата тврди дека бунтовничките групи, вклучувајќи ја Националноослободителната армија Танг (TNLA) и Народните одбранбени сили, го минирале мостот. Бунтовниците ги отфрлаат тие обвинувања и ја обвинуваат војската дека го погодила за време на бомбардирањето со беспилотни летала.
Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат дека структурата делумно се срушила. Полицијата и војската истражуваат.