Историјата на селото Враготурце

Сподели со своите пријатели

На Козјак, од левата страна на реката Пчиња, се наоѓа селото Враготурце, чии долни маали допираат до селото Пелинце. Во близината на оваа село наоѓаат Маало и Големо Градиште. Во нив и околу селата со времето се пронаоѓале разни пари, тули, плочи и други работи кои покажуваат дека некогаш тука било големо населено место.

За потеклото на името Враготурце легендата зборува дека кога Турците напаѓале на нашата земја, на ова место се водела тешка борба. Долго време многубројната турска војска напаѓала на ова место, но никако не успеала да го освои.

По некое време Турците фатиле некоја баба, која била ставена на тешки маки и таа открила на кој начин може да се продре во тврдината, која Турците не можеле никако да ја освојат.

Така Турците успеале да го совојат градот, луѓето од месното население биле убивани, а останатиот дел од населението бил одведен во Стамбол во ропство. Оттогаш, самите Турци оваа место го нарекле Враготурце.

Во 1882 година турската власт забранила селото и понатаму да се вика Враготурце. Од тоа време селото официјално го носело името орхание, но меѓу луѓето и натаму го викале Враготурце.

Во селото имало неколку маали за кои се знаело од каде потекнуваат, Мачиштанци потекнувале од браќата Ранко, Смилко и Ѓоршгија кои бегајќи од зулумот на Дели Агуш се населиле во оваа село. Кметовци се доселиле од селото Пчиња, Танасковски се населиле од селото Рамно, Петровци и павловци потекнувале од браќата Петар и павле кои дошле од село Мала Река каде купиле две робињи од Турците кои ги терале од Србија и се ожениле со нив.

Додека биле Турците, овие селани морале да кулучат на имотот на Дели Аф’з.

За време на окупацијата селото активно учествувало во Народно ослободителната борба.

Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Извор: „Наш весник“ број 33 (среда, 15 мај 1963. година)

Leave a Reply