Исповед на танчерка: „Се соблеков гола, дури тогаш сфатив дека танцувам на ергенската забава на брат ми“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Американската стриптизерка со уметничко име ‘Кендра’ предизвика вистинска лавина од коментари откако објави дека случајно завршила на ергенската забава на нејзиниот брат. И таа го сфати тоа доста доцна.

Loading...

“Танцував и не сфатив дека тоа е ергенската забава на брат ми додека не се соблеков гола“, напиша Кендра на ТикТок.

Видеото на кое таа го напиша ова е прегледано преку 10 милиони полни.

И настана вистинска дебата. Додека едни тврдат дека Кендра измислила сè затоа што не навела кога се случило и каде, други мислат дека ја зборува вистината, а други одат дотаму што велат дека била ангажирана од страна нејзиниот брат.

Кендра ја постигна целта, стана вирален хит, а коментаторите се расправаат.

– Како не забележала ниту еден од пријателите на нејзиниот брат? – прашува коментаторот, а другиот вели:

– Нема шанси тоа да се случи.

Има и такви што ја бранат.

Loading...

– Знаеш ли колку е темно во тие клубови? Не е ни чудо што таа не ги препознала пријателите на нејзиниот брат, а на крајот и него.

 

@kendradollx 😵‍💫 #skripper #skrippertok ♬ original sound – s