Џил Дод е исклучително успешна деловна жена и основач на меѓународно признатиот бренд за облека Roxy.
Но, во раните 80-ти, таа била млада и наивна манекенка која на едно патување во Кан со пријателите го запознала милијардерот и трговец со оружје, Аднан Кашоги, пишува Daily Mail.
Кратко откако се запознале и танцувале заедно, тој ѝ рекол: “Не сакам да те бакнам пред да ти ја објаснам ситуацијата. Сакам да бидеш една од моите љубовници. Според законот во Саудиска Арабија, смеам да имам 11 љубовници и три законски жени. Нема да те бакнам сè додека не се согласиш со ова”.
“Се согласив”, вели Џил. “Од тој момент станав една од жените во неговиот харем, и се менував со други жени, чекајќи го својот ред за да имам секс со човекот кој го засакав”, додава таа. Аднан бил 24 години постар од неа, и како што таа вели, бил низок, подебел и ќелав, но тоа нејзе не ѝ сметало. “Никогаш не сум запознала поинтелигентен, поелоквентен и позабавен маж од него”, изјавила Дод.
Таа вели дека секогаш бил опкружен со жени и го опишала како неверојатен љубовник: “Некои од неговите љубовници изгледаа толку младо што човек би помислил дека се работи за средношколки”. Аднан ја опсипувал со скапоцени подароци, а дури и го платил и образованието на еден институт за мода.
Своевремено, Џил ги красела страниците на познатите списанија Вог и Мари Клер и била многу успешна манекенка.
https://www.instagram.com/p/BUaOyrQDi7-/