Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Лондон

Сподели со своите пријатели

Исламската држава ја презеде одговорноста з атерористичкиот напад во Лондон, наведува пропагандната агенција на таа терористичка организација.

Починителот на нападот изведен вчера пред британскиот парламент е војник на Исламската држава и тој операцијата ја изведе одговарајќи на повиците за напади на државните коалиции (кои се борат против ИСИС), се наведува во соопштението објавеноа на „Амак“.

Ројтерс потестува дека ИД, која последните години по контрола држи делови од Ирак и Сирија, оваа година изгубила територија во нападите на локалните сили кои ги подржа воената коалиција на чело со САД.

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека е познат идентитетот на напаѓачот од центарот на Лондон, како и дека тој е роден во Велика Британија, но неговиот идентите се уште не е соопштен затоа што истрагата се уште е во тек.

Британската премиерка исто така наведува дека напаѓачот веќе еднаш бил истрапуваш поради врски со екстремистите, но дека го сметале за „неважен фактор“.

Неговиот идентитет и е познат и на полицијата и на МИ-6, кога тоа ќе биде дозволено идентитетот ќе биде објавен. Она што можам да го потврдам е дека е роден во Велика Британија и дека пред неколку години бил дел од истрага околу екстремизмот – вели Меј.

Како наведува, постои претпоставка дека е инспириран со исламската идеологија.

 

Loading...