Исламот до 2070 година ќе стане водечка светска религија

Сподели со своите пријатели

Поради се поголемиот прилив на мигранти во Европа и зголемениот број на атеисти, исламот до 2070 година ќе стане водечка светска религија, покажале резултатите од анализата на истражувачкиот центар „Пју“.

Процентот на населението од христијанска и исламска вероисповед ќе се изедначи за околу 53 години и ќе изнесува 32%.

До 2100 година во светот муслиманите ќе бидат 1% повеќе од христијаните.

Резултатите од истражувањето покажале дека исламот станува најбрзата растечка религија во светот. Во 2010 година во светот имало 23% муслимани, а 31% христијани.

Меѓутоа истражувањето покажало дека муслиманите во просек имаат повеќе деца од припадниците на било која друга вероисповед, во просек 3,1 во однос на 2,3 деца колку имаат припадниците на останатите верски групи заедно.

И покрај се поголемиот број атеисти и припадници на исламската религија до 2050 година христијанството сепак ќе остане најмногубројна религија на светот, но не и за долго потоа.

Покрај тоа што не влијаат на растот на глобалната популација, миграциите доведуваат до нагло зголемување на муслиманската популација во одредени делови од светот, како Европа и Северна Америка. Минатата година процентот на муслимани во САД изнесувал 1%, за да според предвидувања на експертите до 2050 година овој процент изнесува 2,1, пишува „Дејли мејл“.