Во единаесетото коло во женската супер лига во ракомет ЖРК Куманово го претрпе четвртиот пораз, односно вториот гостински пораз оваа сезона.
Желбата кај гостинските ракометарки беше на одлично ниво меѓутоа се случи неочекувано висок пораз од домашните ракометарки со резултат 35:15. Тагата после натпреварот беше присутна кај сите ракометарки на ЖРК Куманово иако знаеа дека се работи за многу поискусен тим. Воопшто не одеше ни во нападот ни во одбраната.
Тренерот Ивановски повторно храбро се спротистави особено во последните петнаесетина минути кога во игра ги стави ракометарките од кадетскиот погон, а тие успешно се прикажаа. Тоа го кажува и фактот дека најдобар стрелец во ЖРК Куманово на овој натпревар е Мила Трајковиќ со 6 постигнати гола.
Меѓутоа стратегијата и долгорочниот план на женскиот ракометен клуб од Куманово успешно функционира и покрај овој неочекуван висок пораз. Александра Боризовска се најде во списокот на повикани ракометарки за припреми за квалификацискиот турнир на Фарски Острови со репрезентациите на Исланд, Австрија и Фарски Острови за пласман на Светското првенство во Германија 2017 година.
Следува пауза поради обрврските на женската ракометна репрезентација, а следниот натпревар ЖРК Куманово го игра на домашен терен против екипата на ЖРК Овче Поле од Свети Николе.