Промотивно младински штаб на Општинската организација на СДСМ во Куманово лоциран во зградата на поранешен комитет денеска бил нападнат од непознат сторител кој го искршил стаклото на објектот.
Информацијата за Кумановски Муабети ја потврдија и од раководството на партијата.
Точно е дека штабот беше нападнат и е оштетено стаклото. Во текот на денот го заменивме, тоа е објект кој го користевме за време на изборите, но на него се уште има постери и логоа на партијата. Не би сакал да шпекулирам и обвинувам некој без докази, но симптоматично е што во текот на денот неколку штабови во државата ги снајде истото – рече во телефонска изјава, Мартин Костовски, претседател на ОО СДСМ Куманово.

