Ископале џиновски камења кои содржат 113 килограми злато
On:
Сподели со своите пријатели
Рударите во западна Австралија ископале два огромни камења, за кои се проценува дека вредат милиони долари поради својата природна „позлата“ тешка повеќе од 113 килограми.
Поголем примерок, со вкупна тежина од 95 килограми, содржи 2.400 унци, малку повеќе од 68 килограми злато, соопштила канадската компанија „RNC minerals“. Кај друг, помал камен, од вкупно 63 килограми измерени се 1.600 унци злато, односно нешто повеќе од 45 килограми.
Канадската компанија соопштила дека изминатата недела ископала злато во вредност од 11 милиони долари, од рудникот Калгурли.
Еден од рударските инжинери рекол дека ваквите пронаоѓања се многу ретки.
– Се случува во рудниците и наоѓалиштата да се пронајдат грутки, но тоа е најчесто тешко неколку унци, истакнал професорот Сем Спиринг, директор на Школата за рударство на Универзитетот Куртин.