Искеширале 2 милиони долари за видео игра што може да се игра бесплатно

Сподели со своите пријатели

Ретка и сѐ уште спакувана копија од првиот дел од легендарната видео игра Super Mario Bros. се продаде за рекордни два милиони долари.

Loading...

Овој рекорд беше соборен само неколку недели откако беше продадена копија од Super Mario 64 во вредност од 1,56 милиони долари.

Рекордот беше соборен и 2 милиони долари е официјално најголемата сума што некој ја платил за видео игра.

Ова е само уште едно во серијата аукции од висок профил, а Њујорк тајмс пишува дека оваа копија е направена од компанијата Рели, која веќе се занимава со продажба од овој тип.

Првично бараната сума за оваа игра беше 140.000 долари, но за време на аукцијата таа бројка се искачи на неверојатни 2 милиони долари, исплатена од „анонимен купувач ангажиран во купување скапи предмети во светот на видео игрите“.

Патем, интересот за ретки и стари игри е во пораст, а неодамна неотворената копија од првиот дел од култната Legend of Zelda за NES беше продадена за речиси 900 илјади долари.

Можете да ја играте играта онлајн бесплатно.

 

Loading...