ИСИС ја презеде одговорноста за нападот на концертот на Аријана Гранде

Сподели со своите пријатели

Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во „Манчестер Арена“ кој вчеравечер се случи на концертот на пејачката Аријана Гранде, а каде билансот е 22 загинати и 59 повредени лица, пренесуваат светските медиуми.

Порталот Акбар Ирак објавува дека припадниците на ИСИС на социјалните мрежи објавиле снимка во која ја преземаат одговорноста за нападот.

Експлозија на концертот на Аријана Гранде: 19 мртви и педесетина повредени (фото+видео)

Loading...

Четири часа претходно, на профил на социјалната мрежа биле објавени два твита со закани кон „Манчестер Арената“, а покрај заканите била објавена и фотографија со знамето на Исламската држава.

Нападот го извршил еден човек кој ја активирал бомбата која ја носел на себе при што и самиот загинал.

Изборната кампања во Велика Британија е суспендирана, пејачката Аријана Гранде е добро, а полициските сили и натаму се низ улиците на Манчестер.