Исчезнатото девојче од Куманово, по грешка завршило во Скопје

Сподели со своите пријатели

Шестогидшното девојче од Куманово за кое вчера на социјалните мрежи се споделуваа информации дека е исчезнато, е пронајдено во Скопје.

Loading...

Девојчето таму завршило по грешка. Наместо во автобус за враќање дома, девојчето влегло во автобус за Скопје.

– На 14.04.2025 во 15.00 часот во СВР Куманово, С.Т.(28) од Куманово пријавила дека нејзината шестгодишна ќерка се оддалечила од домот, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Девојчето, како што додаваат од полицијата, било пронајдено на подрачјето на Гази Баба во Скопје, а по извршен службен разговор било утврдено дека девојчето најпрвин влегло во градски автобус кој превезувал патници до центар на Куманово, а потоа по грешка, наместо во автобус за враќање до домот, девојчето влегло во автобус кој сообраќал до Скопје, каде била пронајдена од случаен минувач.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Службеничка на МВР од Куманово се сомничи дека го оштетила буџетот за 417.000 денари

Никола Ивановски