Британски астроном е пронајден мртов во Чиле откако исчезнал додека работел на истражување.
Томас Марш (60) бил во посета на опсерваторијата Ла Сила, која се наоѓа на работ на пустината Атакама, кога исчезнал на 16 септември.
60-годишниот професор на Универзитетот во Ворвик бил пронајден на околу пет километри подалеку од опсерваторијата.
Локалната полиција изрази сочувство до неговото семејство, кое пристигна во Чиле за да помогне во потрагата.
„Ова е тешко време за колегите кои го познаваа Том“
Универзитетот во Ворвик потврди дека е пронајдено тело во Чиле, но додаде дека допрва треба да се направи официјална идентификација.
Ректорката Кристин Енју рече дека ова е многу вознемирувачка вест за целиот универзитет.
„Ова е тешко време за колегите кои го познаваа Том и го сметаа за близок пријател, како и за инспиративен академик и ментор“, рече Енју.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека е во контакт со локалните власти.