Педесет и двегодишен кумановец од завчера се води како исчезнат, откако се одалечил од својот дом во непознат правец.
– На 03.09.2025 во 11:30 часот во СВР Куманово, Т.П. (79) од Куманово пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син С.П.(52), информираат од Секторот за внатрешни работи.
Лицето, како што додаваат од полицијата, има здравствени проблеми.
Loading...
Според последните информации од утринава, исчезнатиот се уште не е пронајден.
Од СВР Куманово велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Никола Ивановски