Во текот на претходната година, мразот во Гренланд се стопи уште повеќе. Изгледа дека ледената плоча на Гренланд се намали над точка од која нема враќање назад, а топењето е неизбежно без оглед колку се намалуваат климатските промени, сугерираат новите истражувања.
Научниците предупредуваат дека топењето на мразот во Гренланд е 15% поинтензивно од претходната година.
Откако се мери вредноста на топењето на мразот, од 1948 година, ова е најкритична година. Научниците веруваат дека причина за големата загуба на ледената маса во Гренланд е системот на висок воздушен притисок за време на претходното лето, кој беше блокиран над ледените површини.
Се претпоставува дека емисијата на јаглерод води до екстремно топење на Гренланд.
Во меѓународниот извештај за изминатата година се вели дека мразот во Гренланд се топи седум пати побрзо отколку во 90-тите години.
Гренланд изгуби 532 гигатони мраз во претходната година.
Данскиот климатолог Мартин Стендал пресметал дека загубата на мраз од минатата година е доволна за да се покрие целата Велика Британија со околу 2,5 метри вода.