Исчезнаа 40 печати од магацин на Државната изборна комисија

Сподели со своите пријатели

Членовите на Државната изборна комисија синоќа забележале дека недостасуваат 40 печати.

Печатите биле сместени во магацин во касарната Илинден, а биле наменети за општините Сопиште, Брвеница и Бутел. Се преземаат мерки за расветлување на случајот. Се очекува од ДИК денеска да соопшти какви мерки ќе преземе за пронаоѓање на сторителот со оглед на фактот дека се работи за кражба во високообезбедуван објект.