Исчезна Предраг Петрушевски – Бинго

Сподели со своите пријатели

Ќерката на бранителот Предраг Петрушевски – Бинго од Куманово на социјалната мрежа „Фејсбук“ бара помош да се најде нејзиниот татко. Таа сподели информација во која наведува дека Петрушевски исчезнал вчера. Последен пат е виден во 9.15 часот по што му се губи секаква трага.

„Претпоставуваме дека е со автомобилот (пежо 406 сиво, KU 1998 AC). Телефонот му е дома. Облечен е во црна кожна јакна и фармерки. Ако некој го види или го има видено нека се јави на 077/516-543 или нека ми пише на профилот“- апелираат најблиските.

Предраг Петрушевски – Бинго, претседател на Здружението на бранители на Куманово беше пријавен за исчезнат и на 1 декември 2014 година. Тогаш тој бил недостапен за неговите најблиски на неговиот мобилен телефон, по што беше пријавен за исчезнат во полиција. Но, веднаш потоа беше пронајден здрав и живот, во викендичка во кумановско село.

Leave a Reply