Ќе преживееше ли 45.годишниот кумановец Р.З. кој е евидентиран како 11-та жртва на коронавирус во Македонија, доколку успееше навреме да стигне до тест за Ковид 19 и, што е уште поважно, доколку стигнел до тест кој навистина можел да открие дали е заболен?
Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) објави потресна сторија за 7-те дена во кои Р.З. се обидувал да дознае дали сувата кажлица, температурата од 37,5 и болката во мускулите се сигнал дека е сериозно заболен.
На 23 март и 26 март Р.З. контактирал со својот матичен леекар.
„Според епидемиолошкиот тест, тој не ги исполни условите за тестирање и не можев да му закажам тест преку ‘Мој термин’“, вели докторот Марко Атанасовски, негов матичен лекар од поликлиниката “д-р Ѓоше” во Куманово.
Ден подоцна, на 27 Р.З со радосна вест: „Докторе, денес направив тест во “Систина”. Негативен сум, да знаете, веројатно сум само настинат”, му соопштува на својот лекар.
„Тој ден последен пат го видов во мојата ординација”, раскажува Атанасовски. „Јас тогаш носев само ракавици, бидејќи тој имаше негативен тест“.
На 29 март состојбата на Р.З. нагло се влошува, му прават тест во болницата во Куманово – умира на 30-ти на Инфективна во Скопје речиси во исто време со последниот резултат од тестот кој бил позитивен…
Целата истражувачка сторија на ИРЛ на следниот ЛИНК.