Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи е жив и командува со иранската армија, изјави неименуван извор за новинската агенција Тасним.
Информиран извор изјавил дека врховниот лидер на Исламската револуција се наоѓа во оперативниот центар (воена соба) и дека тој лично командува со операциите, наведува агенцијата.
Претходно, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека има многу знаци кои укажуваат дека иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, „не е повеќе“, но не ја потврди експлицитно неговата смрт.
Нетанјаху рече дека станбениот комплекс на Хамнеи во Техеран бил уништен во израелски напад претходно денеска, пишува The Times of Israel.
Денес, Ројтерс ги објави тврдењата на висок израелски функционер дека врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи бил убиен во заеднички воздушни напади на Соединетите Американски Држави и Израел врз неговиот комплекс во Техеран.

