Иранскиот претседател им се извини на соседните земји за нападите

Сподели со своите пријатели

Привремениот управен совет на Иран вчера одобри дека соседните земји повеќе нема да бидат нападнати освен ако нападот врз Иран не потекнува од тие земји, изјави иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во денешното обраќање, како што објави Би-Би-Си.

Тој, исто така, како што објавија иранските државни медиуми, им се извини на соседните земји за нападите што ги извршија во изминатите неколку дена.

„Тие ќе ги понесат своите соништа за наше безусловно предавање со себе во гробот. Им се извинувам на соседните земји. Немаме намера да напаѓаме други земји“, рече тој.

Тој, исто така, изјави како им подаваат рака на соседните земји за соработка во зајакнувањето на регионалната безбедност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД ја спроведуваат најголемата кампања за бомбардирање во Иран досега

Ова беше неговата порака откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека неговата влада нема да преговара со Техеран без негово „безусловно предавање“.

Утрово, земјите од Заливот соопштија дека пресретнале нови балистички ракети и беспилотни летала додека Иран започна уште еден бран одмазднички напади.

Израелските воени авиони силно ги бомбардираа Бејрут и Техеран.